Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Велес денеска е Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајна несреќа

Во Велес денеска е Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција врз телата на тројцата загинати, со цел утврдување на причините.

Четворица од повредените во несреќа кај тунелот во близина на Катланово се пренесени на КАРИЛ, двајца од нив се уште се во критична состојба.

Несреќата се случи завчера попладне кога од за сега непознати причини патничко комбе се преврти при што три лица загинаа, а делницата беше блокирана за сообраќај цела вечер.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново