Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Евакуирана Зоолошката градина во Скопје поради сомнеж за смртоносна болест кај птиците

Зоолошката градина во Скопје е затворена, а евакуирани биле вработените поради смртоносна болест која се појавила кај гуските, а од која може да се заразат и луѓето.

Како што пишува Мета.мк, во последниве денови во зоолошката градина угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов за Мета.мк изјавил дека од рано изутрина е во Зоолошката градина и дека ќе се вршат сите можни испитувања за да се види точно за што станува збор.

„Во моментов не можам да дадам никакви конкретни информации додека немаме резултати од испитувањата“ рекол Миланов.

Поранешниот директор на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетаневски на социјалните мрежи сподели дека во Зоолошката градина е откриен „птичји грип“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново