Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Цените на златото и среброто растат: Историски највисоки нивоа!

Денес, цените на златото се на ново историско највисоко ниво поради глобалната неизвесност околу резултатите од американските избори и тензиите на Блискиот исток, додека цената на среброто е највисока во последните 12 години.

Според податоците на берзата, унца злато денеска во 10:45 часот се продаваше за 2.732,25 долари, а унца сребро за 32,02 долари.

Инвеститорите бараат „безбедно засолниште“ за капиталот поради геополитичките тензии на Блискиот исток и неизвесноста околу изборите во Соединетите Американски Држави, каде што исходот ќе биде многу близок, рече стоковниот аналитичар на АНЗ, Сони Кумари.

Според експертите, златото се смета за сигурна инвестиција во време на економски и политички превирања, а намалувањето на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата привлечност, пренесува Ројтерс.

Главниот пазарен аналитичар на трговската компанија KCM, Тим Вотер, смета дека цената на златото до крајот на годината би можела да достигне 2.800 долари за унца.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново