Возот „Арктик Сркл Експрес“ со една локомотива и пет вагони излетал од шините во Норвешка. Сведоците и првичните полициски проценки сугерираат дека излетувањето на возот го предизвикала карпа на шините.
Во патничкиот воз кој сообраќал долж северниот брег на Норвешка имало околу 55 луѓе, а при излетувањето загинало едно лице, а четири други се повредени.
Заедничкиот координативен центар за спасување на Северна Норвешка извести за случајот, но рекоа дека степенот на штета се уште не е познат.
Возот излетал од шините на пат од Трондхајм кон северниот град Бодо. Еден патник изјавил за норвешката телевизија НРК дека карпа удрила во возот, додека полицијата рече дека се работи за лизгање на карпа што најверојатно го предизвикало излетувањето од шините.
„Имаше 55 луѓе во возот кога излета од шините“, изјави за новинската агенција НТБ Бент Аре Ајлертсен, полициски претставник, додавајќи дека сите патници се евакуирани од возот.
Повредените се пренесени во блиската болница. Нивната состојба е нејасна.
Сликите од местото на излетувањето покажуваат дека локомотивата и првиот од петте вагони се излетани од шините.
Нерамниот пејзаж на Норвешка придонесува често да се случуваат одрони.