Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Навреда за граѓаните се изјавите дека не се знаело кој се помилува

„Претседателката лично ги потпиша одлуките за помилување на криминалци и членови на нарко-кланови, лица кои беа осудени за тешки кривични дела. Ако згрешиле членовите на комисијата за помилување, зошто Сиљановска не ги разреши? Таа не може да се крие зад Комисијата за помилување. Сиљановска го има последниот збор, таа ја носи одлуката и затоа мора да одговори зошто ги ослободува овие лица“ рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа додаде дека СДСМ најостро ја осудува фарсата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Сиљановска-Давкова кои наместо одговорност за скандалозните помилувања на криминалци и нарко босови, се обидуваат со театрални потези да го смират гневот на јавноста и да избегнат од одговорноста.

„Несериозни се изјавите дека не знаеле кого помилуваат, тоа е навреда за граѓаните и потценување на нивната интелигенција. СДСМ со денови бараше повлекување на срамната одлука и предупредуваше дека криминалците кои ги ослободи Давкова претставуваат закана за јавната безбедност на граѓаните“ рече Кузеска.

Таа додаде дека еден од помилуваните, поврзан со нарко-кланот „Барон“ беше уапсен веднаш по ослободувањето под сомнение за обид за убиство.

„Очигледно МВР на овој начин се обидува да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука. Власта на ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните“ рече Кузеска.

Од СДСМ побараа Сиљановска-Давкова да излезе пред граѓаните и да ги презентира сите информации, документи и мислења, на Комисијата, на Министерството за правда, на сите кои и биле презентирани и да одговори на клучното прашање: Зошто токму овие лица, опасни криминалци беа изборот да се помилуваат?

Зачлени се на нашиот е-билтен