Еден човек загина, а уште девет лица се водат како исчезнати откако се урна 10-катен хотел во Аргентина.
Десеткатниот хотел „Дубровник“ во градот Вила Гесел, на околу 370 километри од главниот град Буенос Аирес на брегот на Атлантикот, се урна рано наутро во вторникот, се вели во соопштението на општинските власти.
Пожарникарите, болничарите и полицијата работеле на отстранување на остатоците со цел да стигнат до луѓето за кои се смета дека се затрупани.
#Internacionales 🇦🇷
— El Clarín (@SVElClarin) October 29, 2024
El Apart Hotel Dubrovnik, un hotel de 10 pisos colapsó en Villa Gesell, Buenos Aires, #Argentina, dejando a varias personas atrapadas.
Equipos de emergencia trabajan en busca de sobrevivientes. pic.twitter.com/xIDOVFRuQ3
Се претпоставува дека жртвата е 80-годишен маж кој живеел во зградата до урнатиот хотел, изјави министерот за безбедност на провинцијата Хавиер Алонсо на каналот TN.
Неговата партнерка била спасена, но властите не се сигурни дали синот на двојката бил на местото, додаде Алонсо.
Меѓу исчезнатите има работници од градилиштето во хотелот што очигледно работеле „тајно, без да ги почитуваат општинските прописи“, се вели во соопштението.
🇦🇷 | URGENTE: Se derrumbó el 80% de un edificio en Villa Gesell en Argentina. Los bomberos trabajan dentro del Hotel Dubrovnik removiendo escombros, mientras buscan rescatar al menos a nueve personas que están atrapadas. pic.twitter.com/5CX6QhLLUG
— ShinRa News Network (@NewsShinra) October 29, 2024
Хотелот, кој беше отворен во 1986 година, беше подложен на низа реставрации и модификации.
Во соопштението од општината се вели дека работата на локацијата веќе била „откриена и запрена“ уште во август, откако немале соодветни дозволи за продолжување.