Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска кон Јаневска: Под притисок на јавноста и на СДСМ платите во образованието наместо за 12, ги зголемивте за срамни пет проценти

Во своето обраќање на денешната седница, пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска се осврна на состојбите со платите во образованието.

Тренчевска поставувајќи прашање кон министерката за образование, Весна Јаневска истакна дека таа и Владата не успеале да ги зголемат платите во образованието за 12% колку што претходно беше планирано.

„Не ги покачивте платите во образованието за 12 % колку што требаше. Ги излажавте наставниците. Прво велевте дека нема пари во буџетот, но под притисок на јавноста, на СДСМ и на наставниот кадар, платите во образованието ги покачивте за срамни пет проценти, само за колку толку да се смири револтот со некое симболично зголемување кое е далеку од потребното за нашите просветни работници. Кога СДСМ беше на власт, платите во образованието во континуитет се покачуваа. За седум години ги покачивме за 55% и покрај сите економски кризи. Кога СДСМ ги покачуваше платите во образование сегашната министерка Весна Јаневска велеше дека покачувањето од 10% е неприфатливо и повикуваше платите по секоја цена да се покачат за 18%“ порача Тренчевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен