Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјотресот во Грција ги стресе Струмица и Гевгелија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево на 3.11.2024 година регистрираше серија на земјотреси чии епицентри припаѓаат на територијата на Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, два од земјотресите се почувствувани на територијата на Македонија и тоа:

земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала

земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

Сеизмолошка опсерваторија

при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Зачлени се на нашиот е-билтен