„НАТО ќе остане обединето без разлика кој ќе победи на изборите во САД“ смета генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.
Тој рече дека НАТО ќе работи и со Камала Харис и со Доналд Трамп со цел алијансата да остане обединета, рече Руте на средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Спроед него, во интерес на САД е поддршката за НАТО, па поради тоа не се соменва дека кој и да победи на изборите ќе продолжи со поддршка за Алијансата.
При мандатот на Трамп од 2017 до 2021 година, поранешниот американски претседател често знаеше да ги критикува сојузниците поради, како што велеше, недоволното инвестирање во одбраната.