Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јовановиќ: Не верувам дека Мицкоски има желба да биде „вториот Заев“ кој ќе го реши договорот со Бугарија

„Јас не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ако евентуално дојде на власт, за што се сомневам, има никаков коалиционен капацитет. Влезена е во полулатентни, полуотворени структури на тоа нивно фамозно антиалбанство, само за македонскиот блок да го блокираат“, изјави политичкиот аналитичар и колумнист на „Фронтлајн“, Ненад Јовановиќ, во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој смета дека десницата во Македонија сè гледа низ призма на непријателство и завера.

Јовановиќ не верува во нивниот политички капацитет дека искрено се залагаат за пријателство и решавање на билатералните спорови.

-Не верувам дека сериозно и искрено Мицкоски има желба да го придвижи процесот во некоја релативна иднина, тој да биде условно „вториот Заев“ кој после договорот со Преспа, ќе го реши договорот со Бугарија, заклучи Јовановиќ.

Тој смета дека законот овде секогаш за едни е мајка, а за други е маќеа, во зависност од политичките констелации.

-Секој оној што е политички моќен или што има најмногу гласови меѓу македонскиот, албанскиот и останатите етникуми е лекторат. А, кога ќе падне од власт тогаш законот изричито се однесува за тој којшто е паднатиот, изјави политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ за емисија во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој смета дека постојат погрешни толкувања во однос на кривичниот законик и посочи дека колку и да се добри намерите за либерализација на кривичниот законик, гледаме дека некои луѓе пострадаа во време на Груевски. Конкретно тој ја спомена прес-конференцијата на господата Цановски.

-Со својот случај, гледаме дека со овој кривичен законик тие директно се погодени. Така што, за едни кривичниот законик ќе биде мајка за други маќеа, заклучи Јовановиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира