Ќе има ли уставни измени? Касами од „Влен“ вели – Да, дури и со влада на ВМРО-ДПМНЕ

Билал Касами, лидеро на „Беса“ и коалициски партнер на „Влен“ најави дека оваа коалација веќе се гледа како дел од новата Влада во која и со ВМРО-ДПМНЕ во неа ќе се изгласаат уставните измени.

– Ќе има европска влада, влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел. Во таа влада, се разбира, кажавме и кажуваме дека го гарантираме интегрирањето на земјата во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците. И претходно имаме кажано дека во таква влада ќе биде многу полесно, дури и ако ВМРО-ДПМНЕ е во таа влада или која било политичка партија, треба да се изгласат уставните измени. Затоа, кога велиме дека ќе се изгласат уставните измени и ќе се изгласат. Ние не сме како ДУИ која за 10 години коалицинирање со ВМРО-ДПМНЕ не направи ниту најмал чекор кон интеграција во Европската Унија, истакна тој во текот на вчерашниот ден.

Касами нагласи дека нивната коалиција се „гаранти на уставните измени и унапредувањето на правата на Албанците“.

Од друга страна, во гостување на телевизија Телма вчер, Крешник Бектеши од ДУИ уште еднаш укажа на документот на кој се потпишани Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Али Ахмети од ДУИ, во кој пишува дека политичките партии што се потписници нема да прават коалиција со политичка партија која нема да ги прифати и спроведе уставните измени.

Бектеши уште додаде дека во документот е запишано дека нема да коалицираат со политичка партија која јавно искажува ставови против членување на нашата држава во Европската Унија и е кочничар на интеграцијата на нашата држава.

– Мислам дека другите потписи се од Влен и од Европскиот фронт, но за господинот Таравари и господинот Ахмети знам, бидејќи знам конкретно и кој го доставил документот, како го доставил, кој му бил ставот и кога е потпишан бидејќи, како близок соработник на господинот Ахмети и сум учествувал на такви средби, рече Бектеши на ТВ Телма.

Во јавноста веќе има коментари во врска со овие контрадикторности и кои поттикнуваат прашања како е тоа можно, кога лидерот на Мицкоски Христијан веќе 2 години вели „НЕ“ за уставните измени?

Професорката на Правниот факултет Ана Чупеска на социјалните мрежи пишува дека „јавноста бара одговори“ на прашањето дали нешто ветил Мицкоски.

„Малку е чудна и дијаболична ситуацијата. Од една страна „Влен“ истовремено да се согалсуваат за нужноста од уставни измени и лиферуваат инфоси за Мицкоско дека и он прифатил, кога најтврдокорниот анти уставни измени уште тврди дека немаа шанса на измените“, пишува во објавата на Чупеска.

ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и понатаму се на ставот дека нема да се случи промената на Уставот по диктат.

„Помина времето на притисоци и на уцени, и убеден сум во капацитетот на овие луѓе дека ќе истраат и ќе опстојат на својот став да не гласаат за промена на Уставот бидејќи тоа е последниот браник на македонскиот идентитет. Затоа што падне ли Уставот, помине ли преговарачката рамка, завршува македонскиот идентитет“, е само една од изјавите на тврдиот став на Мицкоски на оваа тема.

Треба да знаете
Moже да ве интересира