Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти во „војна“ со Ескобар, Македонија можна жртва на антиамериканската политика на Приштина

Жестока пропгандна војна на владините структури во Приштина против американскиот дипломат. Дали коалицијата „Вреди“ ќе се огради од тоа?

Опашките од политиката на косовскиот премиер Албин Курти веќе се чувствуваат сериозно во Македонија. Новиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“, чиј дел е и партијата на Курти Самоопределување, ја инволвира нашата држава во несакан контекст откако косовскиот премиер драматично ги заостри односите со Србија, а од минатата недела е и во некој вид пропагандна војна против САД, спонзорот на независноста на нивната држава.

Иако скандалот наводно потекна од независен новинар, кој објави серија тврдења на личниот портал „Фронтлајнер“ дека специјалениот пратеник за Западен Балкан и еден од клучните во дијалогот меѓу Косово и Приштина, Габриел Ескобар, е компромитиран бидејќи неговата сопруга земала пари од српското МНР, печатот на Курти во таа сторија е – видлив од Месечината.

Според тврдењата на новинарот Вуди Џимшити, што Стејт Департментот ги оцени како „лесно проверлива лага“, сопругата на Ескобар била член и на лоби агенција која ѝ давала консултантски услуги на Република Српска во 2019 година. Од документите што ги објави самиот Џимшити се гледа дека најголемиот доказ му е дека сопругата на Ескобар била коорганизатор на изложба на слики во српската амбасада на која присуствувале жени на дипломатите во Вашингтон, а тврдењето дека таа има врски со лоби агенцијата ја отфрли целосно споуксменот на Стејт департментот.

Она што е важно за нас е дека Курти, под притисок да го спроведе ветувањето за формирање заедница на српски општини, влезе во отворен судир со ЕУ и со САД бидејќи ни на крај памет не му е тоа да го оствари, а за да ги оправда критиките што ги добива од Брисел и од Вашингтон пред јавноста во Косово – покрена масивна пропагандна кампања на социјалните мрежи и пошироко, на која може да им позавидат и Србија и Русија.

Според нападите на „Фронтлајнер“, спакувани во божемна истражувачка сторија, стои дека улогата на Ескобар како посредник била компромитирана поради очигледна пристрасност кон Србија – што е веќе видена балканска пропагандна финта што кај нас се користеше на почетоците на државноста. Ескобар за Џимшити рече дека е „таканаречен новинар“, а наводните негови потврди од Конгресот на САД дека бил разрешен поради конфликт на интереси и нарушување на угледот на американската дипломатија ги оцени како невистина.

Стејт департментот, исто така, излезе со тврдење дека Ескобар не бил разрешен туку ќе оди на друга функција, при што неофицијално беше посочено дека ваквите пишувања се појавиле во јавноста откако американскиот функционер комуницирал со високи преставници во Приштина за да им пренесе дека заминува од досегашната позиција.

Она што е важно за нас, освен дека Курти може да доведе до нова војна во регионот, е фактот дека преку своите преставници и влијанието во „Вреди“ тој ја инволвира Македонија во судирот со САД и ја прави „страна“ во неговата антиамериканска политика. Самото негово присуство во Македонија ја компромитира нашата влада и во очите на Белград, а санкциите што кон него ги спроведува ЕУ и гневот на САД кон политиката на Приштина не става во лошо друштво, кое може да им наштети на интересите на нашата држава. Практично испаѓа дека по полната уста со евроинтеграција и сојузништво со САД во политичката кампања „Вреди“, а особено Арбен Таравари, тргнуваат во спротивна насока, освен ако не се оградат или не го исфрлат „Самоопределување“ од нивната коалиција. (Независен)

Треба да знаете
Moже да ве интересира