Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Започна кампањата за европските избори 2024 под слоганот „Искористете го вашиот глас“

Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 6 до 9 јуни, а во новото десетто свикување ќе бидат избрани вкупно 720 пратеници.

Со цел да се информираат граѓаните за европските избори,  на располагање им се ставени дигиталните платформи Заедно за ЕУ  и Искористете го вашиот глас со цел да се поврзат корисниците на локално и европско ниво при тоа, запознавајќи ѓи со сите релевантни информации за изборите  поттикнувајки  го активно граѓанството и интересот за јавните политики.

Целта на   кампањата е мобилизација на гласачите

На неполни  два и пол месеци пред евроизборите ,Европскиот парламент и Европската комисија ги повикуваа граѓаните да учествуваат на европските избори кои ќе се одржат од 6 до 9 јуни годинава,  Преку својот глас  европските граќани  ќе го искоритат своето избирачко право и  да повлијаат на изборот на претставници во Европскиот парламент и на обликувањето на политиките на Европската комисија за широк спектар на теми како што се еконмијата, животната средина,безбедноста,миграцијата.

Според истражувањата, а и оценката на добрите познавачи на  евросостојбите, Европската унија се соочува со глобални предизвици во сè посложена, нестабилна и меѓусебно поврзана светска светска политичка состојба , што ја нагласува важноста од активно учество на изборите за поддршка на европските вредности и зајакнување на демократските процеси во ЕУ. Дополнително, европските вредности, како што се човечкото достоинство, слободата, демократијата и еднаквоста, се вткаени во програмите Еразмус+ и Европските сили за солидарност, кои поттикнуваат стекнување нови знаења и вештини, како и соработка и солидарност, со што се промовираат темелите на европската идентитет.

Колку претставници може да избере секоја земја?

Бројот на претставници за секоја земја се одлучува пред секои избори и се заснова на принципот на опаѓачки размери, што значи дека секој претставник од земја со поголемо население претставува повеќе луѓе отколку претставник од земја со помала популација. Најмалиот број претставници на секоја земја е шест, а најголемиот 96.

Ова е бројот на претставници што ќе бидат избрани во секоја земја на европските избори во 2024 година:

Германија: 96 ,Франција: 81 Италија: 76 ,Шпанија: 61 ,Полска: 53 ,Романија: 33 ,Холандија: 31 ,Белгија: 22 ,Грција: 21 ,Чешка: 21 ,Шведска: 2 ,Португалија: 21 ,Унгарија: 21 ,Австрија: 20 ,Бугарија: 17 ,Данска: 15 ,Финска: 15 ,Словачка: 15 ,Ирска: 14 ,Хрватска: 12 ,Литванија: 11 ,Словенија: 9 ,Латвија: 9 ,Естонија: 7 Кипар: 6 ,Луксембург: 6 Малта: 6

Најголемите политички групи во Европскиот парламент веќе ги одржаа своите конвенции и конгреси и ги објавија своите најважни пораки.

Европски народњаци (EPP) и Европските социјалисти (PES)  како две најголеми политички групации, своите кампањи ги започнаа во Букурешт и  во Рим.

Во Рим се состанаа и европските социјалисти. Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на зачувување на обединета Европа, Холанѓанецот Франс Тимерманс за спротивставување на десницата, а водечкиот шпиценкандидат на социјалистите, Луксембуржанецот Николас Шмит вети дека ќе се бори против националистите.

Од Европската народна партија, најголемата група во парламентот, од Букурешт најавија дека Урсула фон дер Лајен ќе биде нивниот кандидат за втор мандат на чело на Европската  влада.

Поранешната германска министерка за одбрана е на чело на ЕК од 2019 година, кога нејзиниот избор на таа функција беше прилично изненадување за европската јавност, а и овојпат не се одвива сè без проблеми. Имено, европски Политико објави дека Европското јавно обвинителство води истрага за набавката на вакцини во 2022 година и ја прочешла внатрешната кореспонденција на првиот човек на Европската комисија и првиот човек на фармацевтската компанија Фајзер. Сепак, Урсула фон дер Лајен доби речиси едногласна поддршка на Европскиот народен конгрес во Букурешт. Во својот говор на конгресот на ЕПП, фон дер Лајен рече дека ЕПП е синоним за Европа.

 Екстремните десничари се состанаа  во Рим

Екстремната десница се собра во Рим На средбата говореа Марин Ле Пен, претставници на германската партија АФД, потоа претставници на белгиската, австриската и португалската екстремна десница. Меѓу ѕвездите на митингот беше и лидерот на италијанската партија ЛЕГА, Матео Салвини, кој ги повика Американците да гласаат за Доналд Трамп на претстојните претседателски избори.

Кампањата ја започнаа и либералите

Ренесансната партија на францускиот претседател Емануел Макрон ја започна кампањата со формирање на политички клуб наречен Нови Европејци, кој засега ги собира француските, романските, полските, словенечките и данските либерали. Францускиот премиер Габри Атал во својот говор на собирот на либералите ја истакна борбата против десницата.

Каков ќе биде новиот Состав на парламентот, на овие непосредни избори и од што ќе зависи и изборот на новите европски институции

Деновиве мошне актуелни се сондажите на јавното мислење, од истражувањата и прогнозите за тоа кој колку места ке  добијат во шареноликот европарламент.

– Десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) и левоцентристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (ПЕС) и натаму ќе останат на двете водечки места според бројноста во идниот Европски парламент, но се понеизвесна станува битката за третата позиција, покажува најновото истражување на „Јуроп Елект“ за тоа како ќе гласаат граѓаните на ЕУ на евроизборите во јуни.  

Според оваа анкета, спроведена изминатата недела, либералната групација Да ја обновиме Европа (РЕ) се враќа на третото место, потиснувајќи ги екстремно десничарската група Идентитет и демократија (ИД) и десничарската алијанса Европски конзервативци и демократи (ЕЦР). 

Аналитичарите на „Јуроп Елект“ проценуваат дека клучната битка за разврска на оваа трилема ќе зависи од резултатите во Франција, Германија, Холандија и Австрија, каде десничарските партии се водечки или второпласирани според популарноста.

 Евроњуз и Ипсос посебно обрнаа внимание во истражувањето посветија на парашањето околу стратегијата на надворешната политика  и безбедноста.

Европските граѓани сакаат Европската унија да има посилна улога во меѓународните работи, но целта не се смета за врвен приоритет.

Ова е еден од главните заклучоци од ексклузивната анкета на Еуроњуз спроведена од Ипсос меѓу речиси 26.000 испитаници во 18 земји-членки пред изборите за Европскиот парламент, кои ќе се одржат меѓу 6 и 9 јуни.

Првото истражување од ваков вид покажува дека 40 отсто од Европејците го гледаат зајакнувањето на глобалната тежина на блокот како „приоритет“, додека 42 отсто веруваат дека ова треба да биде „важно, но не и приоритет“.

Резултатите ја рефлектираат зголемената свест за дипломатијата по неколкугодишни кризи, вклучително и пандемијата КОВИД-19, целосната инвазија на Русија на Украина и војната меѓу Израел и Хамас, поради кои ЕУ зазема позначајно присуство во мултилатерални форуми и да го координира својот одговор со западните сојузници. Предизвиците како климатските промени, неправилната миграција, лажните вести и брзото искачување на вештачката интелигенција, кои сите ги надминуваат националните граници, дополнително го зајакнаа наративот дека Европа не може сама да управува со 21 век ниту да си дозволи да застане на страна.

Откако стана претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вети дека нејзината извршна власт ќе биде „геополитичка“ и ќе има поголем збор на глобалната сцена.

„Ќе инвестираме во сојузи и коалиции за да ги унапредиме нашите вредности. Ќе ги промовираме и штитиме европските интереси преку отворена и фер трговија. Ќе ги зајакнеме нашите партнери преку соработка бидејќи силните партнери ја прават и Европа силна“, рече фон дер Лајен во 2019 година во  Европскиот парламент.

„Мојата комисија нема да се плаши да зборува со јазикот на довербата. Но, тоа ќе биде наш начин, европски начин.

Речиси пет години подоцна, Европејците се чини дека го делат нејзиниот став, иако со помал интензитет.

Најжестоките поборници за посилна Глобална Европа се наоѓаат во Португалија (каде 56% велат „приоритет“), Бугарија (50%) и Шпанија (49%). Најголем дел од оние кои веруваат дека ова треба да биде „второстепено“ доаѓаат од Полска (28%), Романија (25%) и Франција (21%), земја со постојано седиште во Советот за безбедност на ОН.Во Унгарија, каде што премиерот Виктор Орбан се обиде да ги прекине редовите со Брисел кога станува збор за надворешната политика, мнозинството од 55 отсто ја избираат опцијата „важно, но не и приоритет“, што е највисок процент за овој одговор.

Кога се гледа намерата за гласање пред изборите во јуни, декларираните поддржувачи на четирите проевропски партии најверојатно ќе размислат за зајакнување на меѓународната улога на ЕУ како „приоритет“: Европската народна партија (50%), социјалистите и демократите (50%), либералите на Renew Europe (51%) и Зелените (47%).

Спротивно на тоа, 35 отсто од оние кои ја поддржуваат тврдодесничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и 25 отсто од оние што ја поддржуваат екстремно десничарската Идентитет и демократија (ИД) веруваат дека оваа амбиција треба да биде „приоритет“.Покрај тоа, 38% и 45% од поддржувачите на ECR и ID, соодветно, велат дека ова треба да биде „важно, но не и приоритет“. Остатокот (27% и 30%, соодветно) го гледаат како „секундарни“.

Севкупно, меѓу 10-те правци на дејствување што ги истражуваше Ипсос, зајакнувањето на глобалното влијание на блокот е на осмото место, над помошта за Украина и заштитата на малцинствата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира