Филипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограм

Филипче

Откупните цени на грозјето се понижувачки, СДСМ со закон ќе бара зголемување на откупните цени за 5 денари за килограм за сите сорти на винско и трпезно грозје, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со лозари од Тиквешкиот регион, на која се разговараше за моменталната катастрофална состојба во лозарството и претстојниот откуп. 

Во изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично зголемите и не се покриваат со најавените откупни цени со кои лозарите не можат да обезбедат ниту солиден приход за егзистенција.

„Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето“, рече Филипче. 

Тој додаде дека во ваква состојба на зголемени трошоци за прооизводство неопходно е зголемување на откупните цени на грозјето, за што најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог Закон за 5 денари повисоки откупни цени за сите сорти грозје.

„Бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог закон во Собранието со  кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм“, рече Филипче

Воедно, Филипче најави дека СДСМ ќе побара да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов за да ја  платат веднаш целата откупена количина на грозје,  како носење на интервентна мерка за откуп на црното грозје.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?