Земјите од Г7 се согласија да ослободат вкупно 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите резерви во период од четири месеци и да не наметнуваат ограничувања за извозот на енергија меѓу себе.
Координираното ослободување на резервите преку Меѓународната агенција за енергија треба да започне веднаш, со планирана значителна количина дизел за првите 20 дена.
„Ја потврдуваме нашата посветеност да се воздржиме од ограничувања на извозот на енергија и енергетски производи меѓу земјите од Г7 и ги повикуваме сите производители да се воздржат од воведување забрани што би можеле да ги влошат тензиите на пазарот“, рекоа лидерите.
Тие нагласија дека загриженоста на граѓаните за цените на енергијата останува меѓу нивните главни приоритети и дека внимателно ќе го следат развојот на настаните и ќе бидат подготвени да ги прилагодат мерките доколку е потребно.
Одлуката беше донесена по видеоконференцијата на лидерите на Г7 свикана од францускиот претседател Емануел Макрон за координирање на активностите за цените на горивата. Средбата се одржа во услови на притисок од Соединетите Американски Држави Европа да ги искористи своите стратешки резерви и заканата од Вашингтон да го ограничи извозот на дизел.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека европските земји се согласиле да ослободат „огромни количини“ дизел гориво од своите резерви.
„Европа штотуку се согласи да ослободи огромна количина дизел гориво од своите значајни залихи. Процесот ќе започне веднаш“, напиша Трамп на својот Твитер профил.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која моментално е во Македонија, го поздрави договорот од Г7.
„Ја поздравуваме одлуката на Г7 да не воведува забрани за извоз врз сојузниците и континуираната солидарност меѓу партнерите. Ја поддржуваме ослободувањето на залихите од гориво координирано од Меѓународната агенција за енергија“, напиша фон дер Лајен во твит.

