Од министерството не се изнесувало, туку се подигнувал материјал за работење на подрачните единици

земјоделие

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја демантира објавата на порталот Рацин. мк Преселба на документи од министерството на земјоделие на денот кога настапува промена во ресорот.

Во дописот до нашат редакција се наведува:

„Почитувани, во врска со објавениот текст на порталот Рацин со наслов „Преселба на документи од министерството на земјоделие на денот кога настапува промена во ресорот”, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Ве информираме дека изнесените наводи се неточни.

Во текстот се тврди дека – „Оваа сцена од пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го привлече внмиманието на граѓаните кои до нашата редакција ги испратија овие фотографии. Фотографиите регистрираат изнесување на поголема количина кутии со документи. На некои од нив се запишани имиња на градови, што и да значи тоа. “, но вистината е следна:

Во конкретниот случај не станува збор за изнесување на документи, туку вработените од подрачните единици и шумско полициските станици низ државата вршеа редовно подигнување на канцелариски материјал кој е неопходен за функционирање на истите.

Очекуваме овој демант да биде објавен во целост, за јавноста да биде точно и објективно информирана.

Најчитано