СДСМ: Мицкоски не сака да го намали ДДВ – народот со најниски плати во Европа плаќа дизел над 100 денари

СДСМ

Дизелот надмина 100 денари за литар и за само неколку месеци поскапе за 43%, а Христијан Мицкоски не презема ништо, реагираат од опозициската СДСМ.

Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ќе плаќаат литар дизел над 100 денари. Само за шест месеци цената на дизелот порасна за 43%. Резервоар од 50 литри сега ги чини граѓаните над 1.500 денари повеќе од пред шест месеци.

Но ударот не завршува на бензинските пумпи. Поскапото гориво значи поскап транспорт, поскапо производство и нов раст на цените на храната. Половина од семејниот буџет на македонските граѓани веќе оди за храна и пијалаци, потрошувачката кошничка е речиси 70.000 денари, а платите не го следат растот на трошоците“ велат од СДСМ.

Оттаму, додаваат дека Мицкоски можел да интервенира, да го намали ДДВ за горивата и да го ублажи ценовниот удар, но одлучил да не го прави тоа.

„Народот ја плаќа цената за неспособноста на Мицкоски“ додаваат од СДСМ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?