Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48.381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани.
Но, споредено со месец мај оваа година, просечната плата има пад од 1.163 денари, затоа што во месец мај просечната плата изнесуваше 49.544 денари.
Зголемување на платите има во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 проценти.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9 проценти, Уметност, забава и рекреација за 6.2 проценти и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 5.9 проценти.
