Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шукова: Општините треба да продолжат со мерки за намалување на загадувањето

Според последните податоци 45-50 % од загадувањето на воздухот доаѓа од домаќинствата од затоплувањето на дрва и затоа меѓу другото, ние поттикнуваме развој на гасоводна мрежа, и се поголемо поврзување на мрежата на парно греење, рече во интервју за Слободен печат министерката за животна средина Каја Шукова.

Зборувајќи за дејствувањето на општините, таа посочи дека има позитивни и негативни примери за тоа како дејствуваат општините, но изрази и жалење, што некои од позитивните мерки што општините ги преземале претходните години, сега веќе не се спроведуваат.

„Имаме општини што повеќе вложуваат, како пример ќе ја земам општина Центар која формираше свое сопствено претпријатие за енергетска ефикасност, многу вложуваат во училиштата и градинките, вложуваат во енергетска ефикасност, односно нивните јавни објекти да трошат што помалку електрична или топлинска енергија, народно кажано да не им бега топлината. Има и такви кои ништо не вложуваат, да не ги спомнувам, ама ако секој помалку направи во рамките на своите надлежности ќе имаме поквалитетна животна средина и почист воздух. До пред некоја година имаше повеќе иницијативи и мерки, општините и Град СКопје сами доделуваа инвертери, субвенционираа набавка на велосипеди, имаше субвенција на чистење оџаци од страна на Град Скопје и тоа беше многу добра мерка затоа што неисчистен оџак загадува дополнително. Такви позитивни примери треба да продолжат. Тоа треба да го прават и помали општини каде што има многу домаќинства што се затоплуваат на огревно дрво. Тоа се мали мерки кои се многу ефикасни“, посочи Шукова.

Министерката за животна средина посочи дека надоместот што граѓаните го плаќаат при набавка на пласитчни ќеси за пазарување, дава придонес во унапредување на квалитетот на животната средина

„Пред некоја година се воведе надомест за користење пластични ќеси каде ги стимулираме граѓаните да не користат платични ќеси а оние што користат да платат надомест којшто се прибира од страна на државата. Минатата година собравме некаде околу 120 милиони денари или околу два милиони евра. Од нив 105 милини денари ги наменивме да набавиме канти и контејнери за преселекција на отпад. Тие ќе се распределат до сите општини во државата, по точно утврдена методологија, односно по територија, по број на жители, по број на населени места ќе распределиме соодветен број на канти и контејнери и се надевам дека таа набавка брзо ќе ја завршиме“, рече Шукова,

Со останатиот дел од средствата, Шукова истакна дека ќе се финансира јавна кампања за управување со отпад каде ќе бидат опфатени сите граѓани, со фокус на помладите генерации.

Треба да знаете
Moже да ве интересира