Профитот на банкарите од непрофитното граѓанско здружување

Банкарските провизии се сериозна пречка за граѓанските организации особено тие помалите, да имаат пристап до банкарски услуги и ова не само што ги нарушуваа нивните основни права за слобода на здружување заштитени со Устав и регулирани со закон, но и ги загрозува организациите и да остварат својата мисија.

Љуан ИМЕРИ

Слободата на здружувањето е еден од показателите за достигнувањата на демократијата и ја изразува основата на либералната концепција на демократијата воопшто. Во многу земји, процесот на регистрација за здружение е релативно едноставен и евтин и со тоа охрабруваат се повеќе луѓе да основаат невладини односно граѓански организации. Сите што регистрирале здружение откако ќе се соочат со многуте предизвици што ги носи менаџирањето со здружение, ќе увидат дека формирањето и регистрирањето на здружение е најлесниот предизвик во процесот. Некои од овие предизвици во краен случај ќе предизвикаат и затворање на здруженија на граѓани. Немањето доволно финансиски средства, несоодветното управување, недостатокот од стратегија и визија, слабото поврзување со останатите здруженија, но често и тешките и несоодветни процедури и барања на некои влади кои им ги наметнуваат на невладините организации а сето тоа зачинето со систем на строги и високи казни, предизвикаат затворање на многу граѓански здруженија односно невладини организации во многу земји ширум светот. Пандемијата КОВИД-19 особено сериозно влијаеше на невладините организации, влијаејќи на нивната финансиска стабилност, работење и способност да обезбедуваат услуги на заедниците на кои им е потребна.

Во многу земји владата и институциите не ја разбираат соодветно и правилно улогата на здруженијата на граѓани и нив ги третираат слично како и бизнисите а со тоа ја ограничуваат  нивната способност да служат односно да ја реализираат својата мисија. 

Правото на здружување е гарантирано со Уставот на нашата земја, а работата на здруженијата е регулирана со закон. Се креираат различни стратегии за соработка и развој на граѓанското општество. Актуелната Стратегија на Владата и има за цел обезбедување на поттикнувачка и одржлива околина во која функционира и се развива граѓанското општество што овозможува динамични, независни, активни и одржливи граѓански организации коишто придонесуваат во зајакнување на демократското управување, ги рефлектираат интересите и потребите на граѓаните и се вклучуваат во структурен дијалог за унапредување на општеството.

Невладините организации имаат право на пристап до различни финансиски ресурси за да ги постигнат своите цели. Иако се направени чекори за поголемо државно финансирање на граѓанските организации, средствата што се издвојуваат од Буџетот на РСМ се незначителни па најголем дел од овие организации аплицираат за меѓународни проекти и практично се финансираат од интернационални или регионални фондации. Постојат исклучоци, но сепак најголем дел од овие организации во нашата земја се финансираат со краткорочни проекти. Истите се соочуваат со многу проблеми а често немаат ни можност да ги покријат редовните месечните трошоци за одржување, особено дополнителните трошоци.  

Нашите комерцијални банки кои се лиценцирани од НРБМ дополнително ја отежнуваат работата за невладините организации да имаат пристап до банкарски услуги. Многу здруженија на граѓани се незадоволни од банкарскиот систем, а нивното незадоволство почнува од месечните провизии па се до најразличните барања од банките кои го отежнуваат функционирањето на овој сектор.

Износите и провизиите кои им ги наплаќаат банките на граѓанските организации се исти како и за бизнисите. Но ова не е единствена грижа. Неретко банките им затвараат банкарски сметки на здруженијата без никаква најава. Често при приливи на сметките на здруженијата се оневозможува моменталното располагање со средствата поради дополнителните барања на баките кои се повикуваат на законски одредби за засилена анализа на клиентот кога по своја проценка ќе заклучат дека постои висок ризик и средно-висок ризик од перење пари или финансирање тероризам или во случај на сомневање за перење пари и/или финансирање тероризам дури и тогаш кога како донатор се појавува кредибилна меѓународна организација. Со тоа се одолговлекува располагањето со средствата а и ги изложува на дополнителни трошоци.

За тие што немаат информации ќе споделам еден пример на провизии што една банка ќе ги наплати од сметката на едно здружение во текот на месецот: месечна провизија за тековната сметка, месечен надомест за одржување на девизна сметка, провизија за секој прилив, провизии за платен промет (за секој поединечен налог), потоа провизија за генерирање на изводи, провизија прва декада, па за втора декада, членарина за картичка, а од скоро е воведено и провизија (замислете) за електронско банкарство. И сето ова само за една банкарска сметка. Често овие организации имаат по неколку  (под)сметки за секој проект, поради барањата на донаторите за транспарентно следење на парите.

За тие што немаат информации ќе споделам еден пример на провизии што една банка ќе ги наплати од сметката на едно здружение во текот на месецот: месечна провизија за тековната сметка, месечен надомест за одржување на девизна сметка, провизија за секој прилив, провизии за платен промет (за секој поединечен налог), потоа провизија за генерирање на изводи, провизија прва декада, па за втора декада, членарина за картичка, а од скоро е воведено и провизија (замислете) за електронско банкарство. И сето ова само за една банкарска сметка. Често овие организации имаат по неколку  (под)сметки за секој проект, поради барањата на донаторите за транспарентно следење на парите.

Овие провизии се сериозна пречка за граѓанските организации особено тие помалите, да имаат пристап до банкарски услуги и ова не само што ги нарушуваа нивните основни права за слобода на здружување заштитени со Устав и регулирани со закон, но и ги загрозува организациите и да остварат својата мисија. Експертите за човекови права нагласуваат дека финансиското исклучување ги загрозуваа фундаментални права, а одбивањето на пристап до финансиските услуги на граѓанските организации влијае на низа човекови права, вклучувајќи го и правото на слобода на здружување. Дополнително, ограничениот пристап до банкарските услуги, исто така, може да го зголеми ризикот од користење алтернативни форми за обрт на финансиските средства, нешто што е спротивно на нашето законодавство и ја зголемува можноста за злоупотреба.

Засега „големите“ здруженија на граѓани кои имаат доволно средства и овие трошоци не им преставуваат некаков проблем, молчат. Помалите организации кои се борат за преживување, се премногу мали за да им се слушне гласот и да се спротивстават на баките чии банкарски профит, по оданочување, само изминатата година изнесуваше  157,3 милиони евра (според податоците од Народната банка).

Потребно е сите релевантни чинители да се вклучат во конструктивен и систематски дијалог за ублажување на проблемите со финансискиот пристап со кои моментално се соочува граѓанскиот сектор. НРБМ треба да обезбеди насоки за длабинска анализа на здруженијата за комерцијалните банки за да нема непотребно оптоварување на овие организации. НБРМ треба да обезбеди банкарските провизии за невладините организации да бидат разумни и пропорционални. Баките од друга страна треба да се прилагодат на секторот и здруженијата да не ги третираат како мали или средни претпријатија. Повеќе да ги користат базите на податоци и да бараат директно податоци од Централниот регистер и на тој начин да ги проверат податоците на организацијата без да ги изложуваат организациите на дополнителни трошоци. Уште помалку, банките да не ги суспендираат сметките на невладините организации без претходно известување, а со тоа да им предизвикуваат потешкотии во секојдневното работење. Банките мора да бидат партнери на граѓанскиот сектор, стручни банкари да работат со здруженијата за да ги разберат потребите но и да ги разберат финансиските и етичките размислувања на организацијата. Владата исто така мора да помогне, да ја надгледува НБРМ и комерцијалните банки за да се осигурат дека граѓанските организации имаат пристап до финансиски услуги и нивниот оперативен простор не е попречен. Од друга страна, граѓанскиот сектор треба да продолжи да ја подига свеста за предизвиците со кои се соочуваат особено од финансиски аспект, а истовремено да бидат свесни за нивните одговорности за усогласеност во однос на спречување на перење пари и политиките за борба против финансирање тероризам.

Треба да знаете
Moже да ве интересира