Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ треба да создаде нова социјал-демократска автентичност, а не да ја враќа „својата“ автентичност

Ништо суштински не се менува со тоа што според бројот на пратеници СДСМ е прва опозициска сила во Собранието. Дури и како техничко прашање го оценувам тоа што со таа позиција партијата се стекнува со правото да предложи претседател на ДИК, да предложи претседатели на некои од собраниските комисии…

Како партија којашто треба да ги предложи првите луѓе на МРТ и на АВМУ има некакво значење за да се воспостави колку-толку некаков баланс во комуникацијата со јавноста зашто од искуство знаеме колку добро ВМРО-ДПМНЕ знае да го контролира и манипулира јавното мислење, особено сега со доволно мнозинство во Парламентот за да мислат дека имаат право да креираат пецепции во нивна полза.

Многу поважно за СДСМ е да се „подсобере“ колку што може повеќе за да го запре штетните влијанија внатре, во своите редови и колку што може побргу да се консолидира за да биде навистина силна опозиција, без разлика што сега има значително помалку пратеници. Во таа насока, консолидицаијата на партијата е значајна не само во организациска смисла, туку многу повеќе во идеолошка смисла којашто треба да биде сообразена со промените и предизвиците што ни претстојат. Ќе треба да смислат начини како тоа да се прави најдобро.

Тоа не значи дека треба да ја врати „својата“ автентичност. Помина тоа време на таа и таква автентичност. Потребна е нова идеолошка „инјекција“ која ќе ја исполни партијата со нов говор и соодветно нови акции. Суштината останува социјал-демократијата и нејзините вредности, но говорот за нив треба да биде нов, модерен, за да биде конкурентен на новиот политички амбиент кој очигледно настапува и за којшто е потребна една нова комуникациска доктрина.

Од друга страна не смее да се запостави ниту актуелната состојба во Северна Макекдонија, зашто како што сега стојат работите, а не верувам дека нешто ќе се промени во блиска иднина, СДСМ треба да биде свесна дека останува единствена политичка сила со глас што ќе се спротивстави на погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во делот на најважните стратешки прашање за држвата – евроинтеграциите и добрососедските односи. Ако не го крене тој глас силно и плодотворно за да се спротивстави на таквите погубни политики ќе се соочи со тоа да ги гледаме како соучесници на тоа бесчестие кое ќе не однесе во тотална изолација.

Тоа не само што е одговорност кон сето тоа што беше постигнато на тој план, на планот на евроинтеграциите и добрите односи со соседите, туку и единствен начин државата да остане во сферите на интересите на прогресивните демократски и пријатрелски земји. Ако тоа е уште интерес на граѓаните и на новото државно лидерство.

Треба да знаете
Moже да ве интересира