Костадиновска Стојчевска: Духот на театарот никогаш нема да престане да живее и да создава

Во честитката по повод 27 Март-Светскиот ден на театарот, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска истакнува дека „театарот е непроценлив дел од нашето културно наследство и игра клучна улога во обликувањето на општеството“.

„Вашата сцена е моќна за да ги изразите нашите заеднички перспективи, да иницирате дијалог и да поттикнете емпатија. Вие знаете како умешно да ги оживеете приказните и преку својот јазик, драма и музика, имате способност да ги надминувате бариерите и да ги поврзувате луѓето. Во време кога пред светот се надвиснати предизвици, театарот се покажа како светилник на надеж и издржливост. Духот на театарот никогаш нема да престане да живее и да создава“, им порача министерката за култура на театарските артисти и работници.

Во својата честитка Костадиновска Стојчевска им оддавам признание на Факултетот за драмски уметности, на сите актери, драматурзи, режисери, сценаристи, театарски работници за вашата посветеност, талент и креативност коишто го заслужуваат најголемиот аплауз.

„Додека го славиме театарот ги потврдуваме нашите заложби за зачувување и промовирање на ваквата уметничка форма. Министерството за култура постојано ги поддржува вашите активности. За 2024 година се издвоени 38 милиони денари за националните установи, 22 милиони денари за останатите корисници, како и осум милиони денари за драмски фестивали“, се вели во соопштението со честитки по повод Светскиот ден на театарот на министерката за култура.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевка својата честитка по повод Светскиот ден на театарот со апел „да го направиме театарот платформа за подигање на свеста за важните општествени и социјални прашања“ и порачува „сите ние како публика да ја вкусиме магијата и да ја осетиме моќта на театарската сцена“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира