Вечерва, 2 септември, платото пред Т Арена ќе биде центар на големиот музички спектакл по повод 35 години независна Македонија.
Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на една сцена ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари – артисти со кои пораснаа и сè уште растат различни генерации. Концертот започнува во 20:00 часот, влезот е бесплатен, а публиката ја очекува голема аудио-визуелна продукција и вечер исполнета со најдоброто од македонската музика.
Настанот е дел од програмата за одбележување на 35 години независност и се реализира со поддршка од Македонски Телеком. Телеком веќе 25 години ја поддржува музиката, спортот и културата и е дел од настаните што ги обединуваат граѓаните. Со Т Арена, оваа посветеност добива ново поглавје – да создава простор за нови искуства и настани што ќе останат запаметени. Со „Најдоброто од Македонија“ започнува новата сезона на Т Арена.
По повод јубилејот, Телеком подготви и специјално изненадување за своите корисници преку Magenta Moments – 35% попуст кај 35 партнери, со понуди што се отклучуваат за само 35 срца во текот на септември.
Со посебни поволности за своите корисници и поддршка на музички настан отворен за сите граѓани, Македонски Телеком се приклучува кон заедничкото одбележување на јубилејот – 35 години независна Македонија.

