Скопје беше сцена на поинаква културна енергија. Мултимедијалниот настан „УМЕТНОСТА ЈА КРШИ ТИШИНАТА“, реализиран во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Северна Македонија, ги обедини музиката, визуелната уметност, поезијата, перформансот, видео-мапингот и современата електронска култура во една целина.
Настанот беше организиран од Слободанка Тренчева – Боте, „Терапија”, во соработка со Македонскиот народен театар (МНТ), како концепт кој ги поврза различните генерации, уметнички изрази и културни сцени.
Во уникатниот амбиент на Музејот на Македонија, публиката имаше можност да види поинаква слика за Македонија – современа, урбана, храбра и отворена кон светот.
Од настапот на Игор Џамбазов, преку современите уметнички и музички интерпретации, до аудиовизуелниот спектакл и електронскиот звук, настанот испрати порака дека културата не мора да биде поделена по жанрови, генерации или граници.



Посебен дел од програмата беше и настапот на грчката артистка Мирофора со што настанот дополнително ја нагласи идејата за регионална соработка и поврзување преку уметноста.
Реакциите по настанот се силни и исклучително позитивни. Публиката и присутните особено ја истакнаа храброста на концептот, современиот визуелен пристап и начинот на кој различни уметнички форми беа споени во една приказна.

„Уметноста ја крши тишината“ не беше само уште еден настан во културната програма. Беше обид да се покаже дека Скопје има енергија, публика и уметници кои можат да создаваат културни содржини со современ европски и меѓународен јазик.
И токму затоа, можеби најважната порака од синоќа е едноставна: Кога уметноста зборува, тишината повеќе не е опција.

