ЦУП очекува Мицкоски да им додели мандатни писма на минстрите, таа практика ја воведе Заев во 2020 година

мандатни писма

Центарот за управување со промени (ЦУП) објави дека очекува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да им додели мандатни писма на новите министри.

Мандатните писма се инструмент за јакнење на отчетноста и одговорност на министрите и треба да содржат прецизно формулирани резултати кои се очекува министрите да ги спроведат, а за кои тие ќе одговараат и ќе известуваат пред јавноста.

Реконструкцијата на Владата треба да претставува оцена на работата на министрите, како и нова шанса за испорака на повеќе и подобри резултати за граѓаните, порачуваат од ЦУП

ЦУП потсетува дека мандатните писма се за првпат се предвидени во новиот Деловник за работа на Владата, донесен во декември 2024 година, кој беше подготвен со поддршка на ЦУП, во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, кој беше поддржан од страна на Амбасадата на Обединетото Кралство.

Но, оваа практика за доделување на мандатни писма беше воведена уште за време на мандатот на поранешниот премиер Зоран Заев во 2020 година, како документ со утврдена мисија и задачи за четиригодишнио мандат на министрите во Владата.

Со мандатните писма министрите беа повикувани да вложат максимални напори и ефикасно да работат и да бидат во постојана комуникација со граѓаните и медиумите. Прецизната насока во мандатните писма препорача членовите на Владара да им служат на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, раса, боја на кожа, потекло, припадност на маргинализирана група, јазик, социјално потекло, образование, религија, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус.

Најчитано