Град Скопје цела недела ќе прска против комарци

Ново прскање против комарце на територија на Град Скопје е закажано за следните денови

Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови.

Веднаш потоа, односно од недела 23.08 ќе започне и терестична дезинсекција и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
 
„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.
 
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за за заштита на пчелните семејства“ додаваат под Град Скопје

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?