Герасимовски: Нема цензура, ЗНАМ и Левица манипулираат со јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од ЗНАМ и советникот од Левица за наводна цензура на снимката од седницата што во живо се пренесувала на YouTube-каналот на Општината.

Според Герасимовски, станува збор за технички прекин на интернет-врската, а не за намерно прекинување или отстранување на содржина.

„Нема цензура таму каде што сè е јавно. Темата ‘Батурана’ не е ниту скриена, ниту нова. За неа јавно се дебатираше на седници на Советот и на јавна презентација, во присуство на граѓани“, наведува Герасимовски.

Тој тврди дека ставовите на советниците повеќепати биле јавно изнесени и дека се достапни за јавноста.

„Да се зборува за ‘цензура’ на тема која од почеток до крај се одвива транспарентно е обид за манипулација и свесно пласирање невистини. Ништо не е сокриено. Ништо не е избришано“, се наведува во реакцијата.

Герасимовски оценува дека претставувањето на техничкиот прекин како цензура е политичка манипулација и прашува зошто би се криела тема за која граѓаните веќе имале можност јавно да ги слушнат ставовите на советниците.

Според него, прекинот на интернет-врската е технички пропуст кој може да се случи при преноси во живо.

„Несериозно и неприфатливо е од технички проблем да се конструира политичка приказна и да се глуми жртва заради собирање евтини политички поени“, порача Герасимовски.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?