Гори кај Пробиштип: Намалена видливост на патот Штип–Пробиштип

пробиштип

Голем пожар на отворено избувна претпладнево во атарот на Општина Пробиштип, јави ТВ Стар од Штип.

Густиот чад создаде чадна завеса на регионалниот пат Штип–Пробиштип, поради што сообраќајот се одвива отежнато и со намалена видливост.

Надлежните служби се на терен, а до возачите се упатува апел да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот.

Најчитано