Премиерот Христијан Мицкоски, за време на одбележувањето на 24 Мај – Денот се селовенските просветители во Охрид, ја истакна важноста на образованието како темел на државноста, но во поголемиот дел од говорот се осврна на некои актулени теми.
Тој упати остри критики кон правосудните органи поради бавноста во испораката на правдата и нагласи дека власта нема да отстапи од заштитата на македонскиот идентитет и јазиктив, но и во борбата против корупцијата и криминалот.
Еден од најзначајните аспекти на говорот на Мицкоски беше и директен притисок врз Обвинителството.
Премиерот јавно изрази незадоволство од работата на правосудните органи, обвинувајќи ги за смислување изговори и бавно постапување по пријавите за корупција. Неговата порака дека „трпението е при крај“ сигнализира можна најава за реформи или засилен надзор врз институциите кои се сметаат за „тесно грло“ во владеењето на правото.
Оваа реторика е насочена кон враќање на довербата на граѓаните во правниот систем, при што Мицкоски се позиционира како гарант за бескомпромисна борба против оние кои, според него, се богатат на сметка на народот.
Мицкоски ја искористи приликата да ја критикува блокадата на евроинтегративниот пат на Македонија, при што упати остри зборови кон домашните политичари кои ги нарече „специјални пратеници“ на соседните држави. Оваа изјава ја отсликува тензијата во односите со Европската Унија и соседите, каде владата се обидува да балансира помеѓу европските аспирации и зачувувањето на националното достоинство.
Премиерот јасно стави до знаење дека патот кон ЕУ мора да биде достоинствен, без прифаќање на услови кои би го загрозиле идентитетот на македонскиот народ.
Брзата анализа на неговиот настап во Охрид укажува на обид на Христијан Мицкоски да ја консолидира својата политичка позиција преку спојување на традиционалните вредности со барањата за ефикасна правда. Со поврзувањето на „словото“ како симбол на идентитетот со „правдата“ како симбол на владеењето на правото, премиерот се обиде да создаде кохерентна порака до јавноста.
