Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кошмарот Зоран Заев

Тоа што Зоран Заев ја направи Северна Македонија членка на НАТО и фактор на масата кога станува збор европските безбедносни прашања е политичко достигнување на личност со решителност и одлучност, како што оценува Ангела Меркел, и тоа е директно поврзано со најголемиот кошмар за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Изјавата на Мицкоски со која упати сериозна навреда кон жените дека „кога имаат добиено … ја опструираат акцијата на органите на прогонот“, не е случајна. Таа е резултат од серијата настани кои предизвикаа драматични фрустрации кај премиерот, од кои два се предизвикани директно од жени.

Последната е онаа од неговата шпицен фаворитка за градоначалничка на Скопје, која сега ја нарекува „кума на хаосот во Скопје“, на што „кумата“ му возврати: Aко јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз…“.

Со тоа таа јасно го центрираше фокусот на виновникот на статусот на Скопје „еден од десетте најзагадени градови во светот’ бидејќи Мицкоски, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, е предводник на партијата која блокира повеќе проекти од значење за животната средина, меѓу кои и такви кои се од непосредно значење за справување со загадувањето на воздухот во Скопје…

Но, да се разбереме, овој текст не амнестира ниту еден од двајцата. За тоа што Данела му стана кошмар на Мицкоски, сами си е виновен кога ја избра, според него „најдобрата менаџерка“ да биде градоначалничка на Скопје.

Тоа е првиот кошмар на Мицкоски.

Вториот е изборот на Радмила Шекеринска за заменик ген-сек на НАТО.

Уште неоправени од кошмарот од веста дека поранешната вицепремиерка и министерка за одбрана Шекеринска е избрана на оваа висока позиција во најголемата и најмоќна безбедносна алијанса на светот, стигнаа бројните честитки и за неа и за земјата од огромен број меѓународни личности

Именувањето на Радмила Шекеринска на функцијата заменик генерален секретар на НАТО го илустрира кредибилитетот на Северна Македонија како членка на Алијансата, рече францускиот амбасадор во земјата Кристоф Ле Риголер.

Тој потсети дека членството на Северна Македонија во НАТО овозможува зајакнат политички дијалог за безбедносните политики, за регионалната стабилност или за управувањето со меѓународните кризи.

Едноставно, Северна Македонија, како членка на НАТО, е фактор на масата кога станува збор за овие прашања и тоа е директно поврзано со најголемиот кошмар за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев.

Тоа е човекот кој, како што напиша Ангела Меркел, со војата „храброст и решителност“ обезбеди место во книгата на канцеларката која одблиску учетвуваше во дефинирањето на Северна Македонија како земја дефинитивно им припаѓа на блокот западно-европски демократии и на сојузот на сверно-атлантската алијанса.

Она што допопнително му ја дава тежината на изборот на Меркел на таков начин да го опише и да го спомне во нејзините мемоари поранешниот премиер Зоран Заев, како единствен од живите некогашни и актуелни политичари од Балканот, е што нејзиниот критериум е да не пишува негативно за политичарите кои нејзе не ѝ се допаѓале или на кои не им верувала, туку избрала целосно да ги игнорира. Името не сака да им го спомне.

Не се спие лесно, кошмарно е да спиете со таков факт и оценка за вашиот опонент и „архинепријател“.

Не помагаат ниту подлизкувачките писанија на полтрончињата кои се леснопотезни со навреди кон другиот во обидот да ги омаловажат достигнувањата.

А тие се запишани како историја и затоа еве дел од нив:

Со решенијата од Преспанскиот договор, ние денеска сме сигурни во својот идентитет, Македонците и македонскиот јазик се непобитен факт.

„Преспанската договор“ со Грција, која служи за пример за мирно решавање на меѓународни спорови, беше возможна затоа што македонскиот јазик и идентитет станаа дел од нашата лична карта во ОН. Денес тие се принципиелно прифатени од сите земји во светот.

Македонците немаат потреба за правење националистичко шоу или удирање во гради кое може да служи само за домашна потреба.  Тоа е атрактивно за домашна публика, но не ја зголемува веројатноста за решение. Еднаш поминавме низ тоа, знаеме до каде не донесе национализмот – сетете се на Груевизмот по ветото од Букурешт во 2008-ма.

Северна Македонија и нејзните граѓани, предводени од прогресивните политички елити добија рдица признанија зашто во моменти на предизвик покажаа европски вредности.  Дијалог, наместо конфликт. Смиреност и подготвеност за соработка, наместо национализам за домашна употреба и нови изолации. 

Тоа се вредностите кои се збрани во одлуката на Ангела Меркел да го внесе името на Зоран Заев како единствен политичар од Балканот во нејзините мемоари, кои се всушност историски записи за најважните политички прашања и процеси во Европа за време на нејзиниот 16 годишен мандат како канцелар на СР Германија.

Зачлени се на нашиот е-билтен