Муцунски е само еден од 100-те млади лидери што ги прогласува Светскиот економски форум

Една од централните вести што денеска ја пренесоа медиумите е дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од страна на Светскиот економски форум (СЕФ) е избран за млад глобален лидер за 2025 година.

Веста е креирана врз основа на објавата на Муцунски на неговиот профил на социјалните мрежи, а некои од медиумите ја дополнија и со податоци за нагрaдата од соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Она што не го наведуваат медиумите е дека МНРНТ Муцунски е само еден од 100-те млади лидери што Светскиот економски форум ги прогласува секоја година.

Форумот на млади глобални лидери на СЕФ претставува заедница посветена на обликување одговорни лидери кои активно придонесуваат за подобрување на глобалните околности. Секоја година, Светскиот економски форум избира група од приближно 100 лидери под 40 години од целиот свет (од кои 10 се од Европа) кои го добиваат ова признание.

Зачлени се на нашиот е-билтен