Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Парична казна за РФМ и организаторот поради инцидентите на трибините во Вараждин

Фото: РФМ

Поради инцидентите против Холандија ИХФ парично ја казни РФМ и затвора делови од трибите во Вараждин

Светската ракометна федерација (ИХФ) соопшти дека поради инцидентите за време и по натпреварот помеѓу Холандија и Македонија на Светското ракометно првенство, македонската федерација е парично казнета.

Поради фрлањето на предмети и истурањето течности на теренот од страна на навивачите, претежно од тие од Македонија, ИХФ вели дека изрекле парична казна за Ракометната федерација на Македонија, но и серија промени и предупредувања за хрватските организатори.

Хрватскиот организациски комитет исто така заработи парична казна и предупредување дека доколку слични инциденти се повторат, дека ќе следи затворање на трибите. Слична казна има и за РФМ, дека доколку се повторат инцидентите, нема да се дозволи влез на македонски навивачи.

Помеѓу одлуките е и тоа дека во Вараждин ќе бидат затворени делови од трибините над клупите на двете селекции, со цел да се заштитат играчите, како и дека ќе има зголемено обезбедување и полициско присуство на сите натпревари.

Од ИХФ исто така наложуваат и построги претреси на сите гледачи кои влегуваат во салата, како и на нивните торби и чанти.

Зачлени се на нашиот е-билтен