МВР инфомира дека во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници уапсиле 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
„Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ј.В.(39), Е.Р.(30), С.М.(39) и 17-годишник од Скопје, Р.М.(24) од Битола, 42-годишната Џ.В. и Љ.Р.(64) од демирхисарско, 18-годишната М.А. и Ј.Д.(22) од Прилеп и Ј.С.(36) од кочанско. Исто така, лишен од слобода е и М.К.(40) од Македонски Брод бидејќи возел под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ велат од МВР.

