Опозициската СДСМ обвини дека најавеното поскапување на парното греење претставува нов удар врз животниот стандард на граѓаните и ја обвини Владата за, како што наведува, влошување на економската состојба.
Во партиското соопштение, СДСМ оценува дека, и покрај најавите на премиерот Христијан Мицкоски за намалување на цените, во изминатиот период се зголемиле цените на горивата, храната и транспортот, а сега, според партијата, ќе поскапи и парното греење.
Од СДСМ тврдат дека цената на дизелот е зголемена за 15 денари во последните неколку недели и дека потрошувачката кошничка достигнала речиси 70.000 денари, што, според нив, дополнително го отежнува животниот стандард на граѓаните.
Партијата оценува дека граѓаните сè потешко ги покриваат основните животни трошоци и ја обвинува Владата дека ја води државата кон економска и социјална криза.
