Трајко Славески, гувернерот на Народната банка на Северна Македонија, има свое мислење за младите и за катастрофалните резултати на македонските уленици на ПИСА тестовите.
Славески, во слободно време инфлуенсер, на платформата Х напиша:
Не може за сѐ да нѐ бидува: ако мнозинството наши ученици имаат проблем да го разберат прочитаното, не им “оди” математиката а природните науки се “шпанско село” за две третини од нив, сепак им нема рамни за забава!
Не може за сѐ да нѐ бидува: ако мнозинството наши ученици имаат проблем да го разберат прочитаното, не им “оди” математиката а природните науки се “шпанско село” за две третини од нив, сепак им нема рамни за забава! pic.twitter.com/hErf4Fh0k5
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) September 9, 2026
Според фотографијата придружена на објавата, неговиот пост се однесува на вчерашниот настан на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје и настапот на францускиот диџеј Дејвид Гета за 35 години независност на Македонија, кој беше посетен од илјадници млади луѓе.

