Светските пазари под притисок, Германија го повлекува своето злато од САД

Цената на златото повторно ја достигна историската највисока вредност, пробивајќи ја границата од 3.300 долари за унца. Според податоците од Њујоршката берза, цената на златните фјучерси за јуни порасна за 1,88 проценти и достигна 3.301,4 долари по унца, што е трет пат во еден месец да се постави нов рекорд. Претходниот рекорд изнесуваше 3.255,9 долари и беше забележан на 11 април.

Страв од нестабилност: Германија го повлекува златото од САД
Ситуацијата доби нова димензија откако Германија започна процес на враќање на својот златен резерв од САД, изразувајќи загриженост за безбедноста на своето злато кое се чува во Њујорк. Според германски извори, постои страв дека во услови на геополитичка нестабилност, САД би можеле да го блокираат или присвојат златото, што ги поттикна властите во Берлин на ваков чекор.

Зголемена побарувачка и прогнози за нови рекорди
Според најновата анализа на Goldman Sachs, цената на златото би можела да достигне и до 3.700 долари за унца до крајот на годината, благодарение на неочекувано зголемената побарувачка од страна на централните банки.

Блумберг исто така предвидува нов врв во третото тримесечје на 2025 година, од 3.500 долари, со оглед на растечката побарувачка за сигурни инвестиции во услови на економска неизвесност и тензии на меѓународната сцена.

Берзите во Европа паѓаат, златото и гасот во пораст
Покрај рекордот на златото, денеска беа забележани и падови на главните европски берзански индекси:

DAX (Франкфурт): -0,93%

FTSE 100 (Лондон): -0,47%

CAC 40 (Париз): -0,69%

MOEX (Москва): -0,12%

Во спротивност со тоа, цената на гасот и златото расте, додека американските индекси бележат умерен пораст пред отворањето на берзата:

Dow Jones: +0,38%

S&P 500: +0,17%

Nasdaq: +0,18%

Паралелно со светската нестабилност, во Србија е откриено второ наоѓалиште на злато во последниве три години, како и нови резерви на бакар. Експертите очекуваат овие ресурси да претставуваат економски спас за регионите каде што се пронајдени.

Зачлени се на нашиот е-билтен