Трендафилов: Не ни требаат сеирџии, туку партнери што ќе седнат со нас на маса во интерес на работниците

Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Загрижува што не оставија во арената да се тепаме со работодавачите, знаејќи од претходно дека едниот ќе биде победник. Капиталот е далеку помоќен од работниците кога седиме на маса, нивната одлука тежи далеку повеќе од одлуката на работниците. Но, за да го вратиме балансот, излегуваме на улица, а тоа значи дека доаѓаме со капитал на маса колку капиталот на работодавачите. Тие ќе имаат да изгубат повеќе од работниците, ние сме 620 000, а 65 000 се работодавачи. Ако Владата им се плаши на 65 000 работодавачи, а не на 650 000 работници, тогаш некој прави многу погрешна математика, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов.

Работниците, нагласи, очекуваа Владата да испорача брзи, ефективни и ефикасни решенија за зачувување и унапредување на животниот стандард на работниците, а не само изговори од типот „само ќе гледаме сеир“.

-Сеирџии не ни требаат, ни требаат партнери што ќе седнат со нас на маса и ќе разговараат за овие битни прашања, не ни трабаат луѓе кои само ќе не ислушаат, не ни требаат психијатри, туку луѓе кои ќе одлучуваат и кои ќе застант цврсто на тоа што ќе го одлучат во интерес на работниците. Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Ако едниот од партнерите во трипартитниот дијалог се изземе од процесот на демократија, очигледно смета дека не треба да има демократски процеси по одредени прашања во државата, истакна Трендафилов.

Според него, ССМ од медиумите разбрала дека Владата ја формирала Комисијата која треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатот.

-Чекаме да излезе решението во Службен весник и да добиеме покана на која ќе ги образложиме списоците што ги имаме доставено до надлежното Министерство уште во декември минатата година. Нашите очекувања се дека овој позитивен сигнал што го направи Владата ќе резултира со брза и ефикасна работа на Комисијата која ќе овозможи донесување решенија за утврдување репрезентатиувност на ниво на територија за да може да се откочат трипартитните економско-социјални тела како Комисијата и ЕСС, за да може да се заокружи целиот процес особено со потребата од растот на минималната плата, но и да се откочи процесот на колективните преговарања и договарања, како и склучувањето на колективните договорои преку доделување репрезентативност во јавен и приватен сектор, а се разбира и на гранските синдикати, нагласи Трендафилов.

Очекувањето на ССМ е дека во најбрзо време Комисијата ќе се состане, ќе ги покани и ќе ги разгледа нивните документи со што ќе биде потврдена репрезентативноста.

-ССМ има доставено до сега онолку колку што е потребно. Во државата има 620 000 работници според ДЗС или 560 000 според УЈП. Имајќи предвид дека списоците за утврдување репрезентативност треба да бидат врез основа на списоци потпишани од овластен претставник на синдикат и работодавач, ние имаме доставено потребна бројка со што го исполнуваме цензусот од најмалку 10 проценти од влкупниот број вработени. По добивањето на решението, ќе ни се овозможи конечно да бидеме рамноправен социјален партенр кој ќе дискутира на маса место на улица, подвлече претседателот на ССМ уште еднаш укажувајќи дека владите во регионот излегле во прсрет на работнциите и со владини одлуки ги зголемија минималните плати, во Србија 457 евра, во Црна Гора 600 со 800 евра и во БиХ 600 евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен