Триесет години Хелсиншки комитет за човекови права

Хелсиншкиот комитет за човекови права оваа година го прославува својот 30 – годишен јубилеј, одбележувајќи го симболично на Денот на потпишувањето на Универзалната декларација за човекови права, 10 декември.  

Хелсиншкиот комитет во изминативе 30 години ја следи и работи на унапредувањето  на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош на сите маргинализирани и ранливи категории граѓани, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите права и слободи.

Комитетот поаѓа од тоа дека сите луѓе треба да имаат можност да ги уживаат и практикуваат нивните основни права и слободи и да имаат можност да ги заштитат во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на владеењето на правото, човековите права и демократијата. 

По повод одбележувањето на јубилејот во читалната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на 10.12.2024 (вторник), од 13 до 15 часот, каде ќе се одржи свечен настан со воведни обраќања на извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, раководителот на Одделот за човекова димензија во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Умер Ал –Катиб,  претходниот претседател на Хелсиншкиот комитет, Гордан Калајџиев, уставниот судија Осман Кадриу и актуелната претседателка  Неда Здравева.

Зачлени се на нашиот е-билтен