Случај на силување малолетник го потресе Тетово откако 62 годишен маж обљубил малолетно лице а сето тоа било и објавено на социјалните мрежи.
Од МВР излегоа со детали за целиот случај.
„На 25.09.2026 во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот“ велат од МВР.

