Општинското основно училиште „Киро Глигоров“ ја известува јавноста дека со завршување на дел од градежните активности, во училиштето се оспособени 8 училници во кои може да се реализира настава и во нив ќе се организираат часови со физичко присуство на учениците од IV и V одделение.
Со тоа, од 14 септември, воспитно образовниот процес за учениците од I do V ќе се организира со физичко присуство во училиштето, додека оние од VI до IX продолжуваат со следење на наставата со средства за далечинско учење, односно од дома.
Како што е познато во ООУ „Киро Глигоров“ во Општина Центар на 1 септември наставата со физичко присуство започна за учениците од I до III одделение, додека учениците од IV до IX, учебната година ја започнаа со учење од далечина заради изведување градежни работи во училиштето.

