УХМР: Не очекува пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

УХМР

Под влијание на топла воздушна маса од југ до вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, се вели во временската најава на Управата за хидромемеоролошки работи.

Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.

Најчитано