[Видео] Внимание: Најважно културно наследство во светот за граѓаните е јазикот

Екипата на „Внимание“ ги прашува граѓаните – Кои се најзначајни споменици на културата во Скопје, во Македонија, и кое е најважно културно наследство во светот, по повод светскиот ден на културното наследство.

Анкетираните граѓани даваат најразлични одговори. За споменици на културата во Скопје ги посочуваат: Калето, Старата чаршија, Камениот мост, Даут пашин амам, Аквадуктот, Скупи, Старата железничка станица, ГТЦ, црквата Свети Спас, манастирот Свети Пантелејмон во Нерези.

Стоби, Самуиловата тврдина, Хераклеја, Канео, манастирот Свети Наум, Плаошник, Кокино, гробот на Тоше Проески и спомен куќата, Марковите кули, Македониумот во Крушево, за граѓаните претставуваат едни од најважните културни наследства во земјава.

Најважно културно наследство во светот за граѓаните е пред се јазикот, одговараат повеќемина од анкетираните граѓани.

Потоа, тие даваат одговори како: пирамидите во Египет, Колосеумот, Статуата на слободата, Кинескиот ѕид, Ајфеловата кула, Кривата кула во Пиза, Мона Лиза, шумата Амазон, споменикот на Исус во Рио де Жанеиро.

На прашањето „Кога, сте посетиле некој споменик на културата?“ и „Кога последен пат сте биле во музеј?“, некои од граѓаните одат редовно, а други биле пред некоја година.

Како последни посетени музеи ги спомнаа Археолошки музеј, Музејот на македонската борба, Музејот на современа уметност, а од странство, посета на музеи во Прага, Белград и други.

А како последни посетени споменици на културата во земјава, граѓаните ги посочуваат: Аквадуктот, манастири и цркви, Стоби. Додека од странство, Аја Софија и Капали чаршија во Истанбул, Колосеумот во Рим и други.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите.

Преземено од Трн.мк

Треба да знаете
Moже да ве интересира