Во соопштение до јавноста, во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода дневно за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции.
Дистрибуцијата на водата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови:
Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139
Градинка „Пролет“,
ул. Беличица бр. 47
СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште),
ул. Живко Брајковски бр. 39
ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар,
ул. Браќа Ѓиноски бр. 165
АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница),
ул. Илинденска
Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг,
ул. Чеде Филиповски бр. 29
Територијална противпожарна единица – Гостивар,
ул. Беличица бр. 35
Истовремено, сите надлежни институции продолжуваат со интензивните контроли, анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба, се вели во соопштението.
Владата очекува целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси одговорност согласно закон.
Се апелира граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање.
Приоритет на Владата, се вели во соопштенито, останува заштитата на здравјето на граѓаните, брзата институционална реакција и целосното надминување на состојбата. Владата ќе продолжи да презема сè што е потребно за обезбедување поддршка на граѓаните сè до нормализирање на состојбата.
