За излез на ГП „Богородица“ се чека еден час, за влез преку „Табановце“ задржување од 30 минути

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот утрово на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од држата е околу 30 минути, а на ГП Богородица времето на чекање е околу 1 час. 

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?