Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за Меџити

Со три гласови „за“, 64 „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

На гласањето и претходеше жестока расправа меѓу пратениците на коалициите Европски фронт и на Вреди. Вреди ја обвини ДУИ дека преку интерпелациите сака да го скрие криминалот и корупцијата на високи партиски функционери. Од ДУИ, пак сметаат дека со помош на Вреди се губат албанските права.

Во моментот тече образложувањето за поднесената интерпелација од ДУИ, за министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен