Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ демантира дека бил приведен, како што беше објавено попладнево.
Тој наведува дека таквите наводи се неточни и рече дека ќе ги заштити својата чест и углед.
„Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации“, вели Деспотовски.
Преходно, „Фокус“ објави дека Деспотовски бил приведен од финансиската полиција поради злоупотреби во ТИРЗ и дека ќе се бараат мерки за претпазливост за него.