На барање на СДСМ ќе се одржи јавна расправа за Концепцијата за гимназиско образование

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт, на денешната седница го усвои предлогот на пратеничката на СДСМ, Даниела Николова за одржување на јавна расправа за Предлог Концепцијата за гимназиско образование.
Целта на расправата како што рече Николова е да се обезбеди поширока дискусија по прашањата поврзани со реформите во гимназиското образование.

„Кога станува збор за образованието треба да се слушнат аргументите на стручната фела и да се изнајде најдоброто решение за нашите деца. Целта е да се отвори платформа за конструктивна дебата која ќе доведе до подобри и поквалитетни образовни политики.Време е да се слушне гласот на стручната фела. Време е за вистинска дебата“, рече Николова.

Во дискусијата треба да бидат вклучени наставници, експерти од областа на образованието, претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Сојуз на средношколци и други релевантни фактори.

Николова на седницата посочи дека образованието е клучен фактор за идниот развој на државата, и затоа е потребно поширока дискусија за сите аспекти на предложената концепција.

Зачлени се на нашиот е-билтен