Германската централно-левичарска Социјалдемократска партија (СПД) денеска, понеделник, официјално треба да го номинира канцеларот Олаф Шолц за главен кандидат на партијата, на предвремените федерални избори на 23 февруари.
Номинацијата на Шолц доаѓа по две недели напнати дискусии во СПД за тоа дали да се поддржи актуелниот канцелар за втор мандат или наместо тоа да се соберат зад Борис Писториус.
Министерот за одбрана Писториус, моментално најпопуларниот германски политичар според анкетите, минатата недела објави дека нема да се кандидира за канцелар и му ја понуди својата поддршка на Шолц. Ова го отвори патот Шолц да биде номиниран за главен кандидат на СПД, но тој има слаб рејтинг од јавноста.
Писториус е еден од 33-те високи членови на СПД кои во понеделник официјално ќе гласаат за Шолц како кандидат за канцелар на партијата.
По номинацијата, кандидатурата на Шолц мора да биде официјално потврдена на партиската конференција на 11 јануари, што е само формалност.