Според политички извори, владата на францускиот премиер Барние би можела да падне пред Божиќ, па дури и следната недела, доколку опозицијата, вклучително и крајната десница и левица, одлучат да покренат предлог за доверба на владата, што најверојатно ќе резултира со нејзин пад, јавија француски медиуми.
Истражувањето на „Ifop-Fiducial“ покажа дека 67 отсто од испитаниците се против буџетскиот план, што вклучува зголемување на даноците и намалување на јавната потрошувачка со цел да се намали спиралата на државниот дефицит.
Според најновата анкета на јавното мислење, 53 отсто од Французите сметаат дека владата на премиерот Мишел Барние треба да падне поради незадоволството од неговиот предложен буџет.
Триесет и три отсто испитаници се согласуваат со предложените мерки.