Драма над небото на Бугарија, патнички авион пријавил киднапирање, но остана непознато каде слетал

Бугарија

МиГ-29 на Воздухопловните сили на Бугарија успешно пресретнал патнички авион за време на операцијата на воздушна полиција (Air Policing) за заштита на воздушниот простор, објави Министерството за одбрана, пренесуваат бугарските медиуми.

Бугарските воздухопловни сили ги активирале своите сили за итни случаи откако Ербас А320 пријавил код 7500 за нелегалнa активност во авионот. Овој код се користи и при киднапирање на авион. Бугарскиот борбен авион успешно го пресретнал авионот во 13:57 часот кога влегол од правец на реката Дунав.

Медиумите во Бугарија наведуваат дека размената на информациите и координацијата на акцијата биле изведена со Заедничкиот центар за воздушни операции на НАТО во Торехон.

Бугарскиот пилот извршил испрашување и го придружувал авионот низ бугараскиот воздушен простор. Во 14:14 часот, патничкиот авион ја напуштил земјата, а мисијата ја презеле два турски борбени авиони Ф-16 во тесна координација со воздухопловните сили на Грција.

Според „24 часа“, станува збор за лет на полската авиокомпанија LOT од Варшава до Израел. Според нивните информации, кога цивилниот авион бил над Кипар, пилотот на авионот повторно го активирал алармот за киднапирање, по што авионот направил полукружно свртување и се вратил во Бугарија, откако му било одбиено слетување на Кипар. Објавувањето укажува дека авионот бил во Бургас на полнење гориво. Не е јасно од кои причини Кипар одбил слетување, како и зошто авионот не слетал во Турција.

Засега нема информација каде завршил наводниот лет на авионот и што точно се случило.

Најчитано